Вкупно 53 милиони евра се странските директни инвестиции што во земјава влегле во првиот квартал годинава, објави Народната банка (НБМ). Сумата за првите три месеци е половина од вкупните инвестиции реализирани во текот на целата ланска година. Во 2012 година во Македонија влегоа вкупно 104,8 милиони евра на име странски директни инвестиции, што во најголема мера беше резултат на значителните одливи регистрирани од земјава кон странство. Според последната статистика на НБМ, во март годинава странските директни инвестиции се 7,9 милиони евра. Во јануари во земјава влегле 28,8 милиони евра, а во февруари 16,4 милиони евра, што значи дека на квартално ниво вкупните инвестиции во Македонија се 53 милиони евра. Ова е послаб резултат од првиот квартал лани, но 2012 година не беше сјајна по влезот на странските инвестиции.
Вкупно 53 милиони евра се странските директни инвестиции што во земјава влегле во првиот квартал годинава, објави Народната банка (НБМ).
Сумата за првите три месеци е половина од вкупните инвестиции реализирани во текот на целата ланска година. Во 2012 година во Македонија влегоа вкупно 104,8 милиони евра на име странски директни инвестиции, што во најголема мера беше резултат на значителните одливи регистрирани од земјава кон странство.
Според последната статистика на НБМ, во март годинава странските директни инвестиции се 7,9 милиони евра. Во јануари во земјава влегле 28,8 милиони евра, а во февруари 16,4 милиони евра, што значи дека на квартално ниво вкупните инвестиции во Македонија се 53 милиони евра. Ова е послаб резултат од првиот квартал лани, но 2012 година не беше сјајна по влезот на странските инвестиции. Билансот го срушија месеците подоцна, кога наместо приливи, Народната банка регистрира одливи на капитал од земјава. Гувернерот Димитар Богов тврдеше дека билансот на странски инвестиции го рушат токму тие и уверуваше дека станува збор за неколку домашни компании со странски сопственици кои одлеваат капитал надвор.
Последната статистика на НБМ регистрира пад на девизните резерви во април годинава. Споредено со претходниот месец, државните резерви во девизи се намалиле за 84,7 милиони евра. Во април се 2 милијарди и 230 милиони евра, а во април изнесуваат две милијарди и 145 милиони евра. Вредноста се намалува најмногу поради падот на вредноста на монетарното злато во вкупните резерви. Златото што Македонија го чува во резервите, а тежи 6,8 тони, сега вреди 245,2 милиони евра, ниво што не било достасано од 2010 година. Во март вредноста на монетарното злато била безмалку 273 милиони евра, во февруари 265 милиони евра, а во јануари 270 милиони евра.